19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов тениски поредок, Марej прв, Федерер 16-ти

Нов тениски поредок, Марej прв, Федерер 16-ти

marejss2

Британецот Енди Марej официјално е новиот број 1 во светскиот тенис, објави АТП. На најновата листа на тениските професионалци Роже Федерер испадна од Топ 10, тој се наоѓа на 16-та позиција.

Енди Мареј го освои мастерсот во Париз, а благодарение на елиминацијата на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето, тој првпат во кариерата се искачи на првото место на АТП листата.

Британецот е 26-от број 1 во Опен ерата, а воедно е и вториот највозрасен играч (Мареј има 29 години) по Џон Њукомб кој се искачил на првата позиција на АТП листата.

Мареј е прв пред Новак Ѓоковиќ кој на првата позиција се наоѓаше без прекин од 7. јули 2014 година (122 недели).

Зад водечкиот тандем се наоѓаат Стан Вавринка, Милош Раониќ и Кеи Нишикори; Во првите десет уште се и Гаел Монфилс и Марин Чилиќ кои ги бележат најдобрите пласмани во кариерата, односно Рафаел Надал, Доминик Тим и Томаш Бердих.

Осовјувачот на 17 грен слем титули, најмногу во тениската историја, Роџер Федерер, испадна од Топ 10 и се наоѓа на 16-то место на АТП листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП