10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси го замолкна „Санчез Писхуан“

Меси го замолкна „Санчез Писхуан“

92300076_messi_boot

Барселона ја победи Севилја на „Санчез Писхуан“ во дербито со кое беше ставен крај на 11-то коло во Примера.

Лионел Меси е нјзаслужен што Барселона ги освои трите бода на тешкото гостување во Севилја. Меси запиша гол и асистенција, а според клупските податоци, доколку се земат во предвид и пријателските натпревари голот во Севилја бил 500-от за Меси во дресот на Барселона.

Севилја фуриозно го отвори мечот, успеа да ја потисне Барса на својата половина и да го отсече од играта триото Меси-Нејмар-Суарез.

Доминацијата во првите половина час од натпреварот Севилја ја круниса со гол во 15.минута, кога Витоло ја искористи погрешната проценка на Серхио Роберто, излезе сам пред Тер Штеген и рутински реализираше.

Во финишот на првиот дел Барселона успеа да воспостави теренска рамнотежа, а по акцијата на Нејмар, Меси израмни во 42. минута.

Бразилецот успеа да се ослободи од тројца играчи, а потоа ја остави топката за Меси кој од 17 метри упати удар кој не успеа да го одбрани Серхио Рико.

По израмнувањето играчите на Барселона со многу повеќе самодоверба влегоа во второто полувреме. Меси диригираше со играта на својот тим, а поддршка на средината од теренот доби од Денис Суарез кој го одигра најдобриот меч од доаѓањето во Барселона.

Меси во 61.минута нанижа неколку противнички играчи, а потоа идеално го проигра Луис Суарез кој лесно реализираше за 1:2.

До крајот на мечот двете екипи имаа по неколку добри шанси за постигнување на гол, но резултатот не се менуваше.

По 11 кола лидер на табелата е Реал со 27 бодови, два повеќе од Барселона, Виљареал има 22, а Атлетико и Севилја по 21 бод

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП