18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакомет: Полска загуби и од Романија

Ракомет: Полска загуби и од Романија

%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82

Неколку изненадувачки резултати се случија во неделните натпревари од второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство во ракомет, во 2018 година.

Полска на Талант Душебаев доживеа уште еден убедлив пораз и е последна на табелата во Групата 2 без освоен бод. Полјаците, во четвртокот, на домашен терен загубија од Србија, а во неделата беа порзени и во Романија 28-23.

Србите кои блеска против Полска, во ова коло како домаќини беа декласирани од Белорусија 27-36.

Литванија, во Групата 7, славеше над четвртопласираната селекција од последното Европско првенство, Норвешка со 32-29.

Словенија, во Групата 6, не успеа да слави во Португалија, дуелот заврши без победни 26-26.

Група 1: Латвија-Данска 23:36, Холандија-Унгарија 27:28
Табела: Данска 4, Унгарија 4, Холандија 0, Латвија 0

Група 2: Србија-Белорусија 27:36, Романија-Полска 28:23
Табела: Романија 4, Белорусија 2, Србија 2, Полска 0

Група 3: Финска-Шпанија 21:36, БиХ-Австрија 22:23
Табела: Шпанија 4, Финска 2, Австрија 2, БиХ 0

Група 4: Чешка-Македонија 35:28, Украина-Исланд 27:25
Табела: Чешла, Македонија, Исанд, Украина

Група 5: Швајцарија-Германија 22:23, Португалија-Словенија 26:26
Табела: Германија 4, Словенија 3, Португалија 1, Швајцарија 0

Група 6: Словачка-Шведска 17:21, Црна Гора-Русија 24:24
Табела: Шведска 4, Русија 2, Словачка 1, Црна Гора 1

Група 7: Белгија-Франција 37:38, Литванија-Норвешка 32:29
Табела: Франција 4, Норвешка 2, Литванија 2, Белгија 0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП