2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо во Реал до 2021 година

Кристијано Роналдо во Реал до 2021 година

%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b4%d0%be

Кристијано Роналдо го продолжил договорот со Реал Мадрид до 2021, пренесоа шпанските медиуми.

Најдобриот играч и стрелец на Рeал, Кристијано Роналдо, в понеделник, ќе го стави својот потпис на новиот договор.

Претходниот договор на Роналдо со Реал имаше важност до 2018 година. Португалецот 2021 година ќе има полни 36 години.

„Во понеделник ќе биде организирано потпишувањето на договорот на Кристијано Роналдо во претседателската ложа“, објави Реал во кусо соопштение на својата интернет страница.

Роналдо од Манчестер Јунајтед пристигна во Реал во 2009 година, тој со „кралскиот клуб“ има две титули во Лигата на шампионите и само една во шпанското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП