17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФуриозен финиш на МЗТ, Олимпија поразена во Скопје

Фуриозен финиш на МЗТ, Олимпија поразена во Скопје

%d0%bc%d0%b7%d1%82-%d0%be%d0%bb%d0%be

Кошаркарите на МЗТ ја забележаа втората победа во АБА лигата, откако во неделата во драматичен меч ја совладаа Олимпија 97:96 (19:33, 31:23, 22:24, 25:16).

МЗТ на волшебен начин успеа да извлече победа против Олимпија и да ја забележа втората победа во регионалната АБА лига.

Олимпија во „Јане Сандански“ 34 минути, благодарение на шутот за три поени, го контролираше резултатот и одржуваше најчесто двоцифрена предност.

Олимпија во првото полувреме имаше неверојатни 73 отсто реализација за три поени, но шутот ги изневери во последните ти минути кога промашија четири обид за три.

Британецот Кларк беше иницијатор на серијата 20-4 во последните шест минути од натпреварот, во кои МЗТ влезе со негатива од 15 поени (77:92).

Македонскиот првак одговори со серија 15-0, потоа Синовец погоди тројка со фаул, а точка на големиот пресврт на МЗТ стави Мекиќ кој погоди едно од двете слободни фрлања.

МЗТ со оваа драматична победа на најдобар начин обележа 20 години од најголемата победа во клупската историја, кога во Скопје беше срушен Реал Мадрид (69:68). Инаку историската победа МЗТ официјално ќе ја обележи в среда, на 9.ноември, кога во Скопје во Европкупот ќе гостува Гран Канарија.

Во победата над Олимпија четворица играчи постигнаа двоцифрен број на поени: Кларк 22 поени (5/9 за три), на кои придодаде и 6 скока, Тимс уфрли 19 поени, Скот оствари двоен ефект од 18 поени и 11 скока, а Диабате во дресот на МЗТ дебитираше со 13 поени, 8 асистенции, 2 украдени топки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП