19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул лидер во Премиерлигата, двоен јубилеј на Ибрахимовиќ

Ливерпул лидер во Премиерлигата, двоен јубилеј на Ибрахимовиќ

mane-696x418

Ливерпул е новиот лидер во англиската Премиерлига, откако во 11-то коло го декласира Вотфорд со 6-1. „Црвените“ се први со 26 бода, еден повеќе од Челзи.

Во ова коло, без Жозе Мурињо на клупата, победи и Манчестер Јунајтед. Мечот го обележа Ибрахимовиќ кој го постигна 400-от гол во кариерата, односно 25.000 гол во историјата на Премиерлигата.

Ливерпул го декласира Вотфорд со голвите на двојниот стрелец Мане, односно Кутињо, Емре Џан, Фирмино и Вајналдум. Почесниот гол за Вотфорд беше дело на Јанмат.

Ливерпил на најдобар начин ги искористи нерешените резултати на Манчестер Сити и Арсенал и со 26 бода е лидер на табелата, втор е Челзи со 25, а Сити и Арсенал имаат по 24 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП