9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНесторовски повторно стрелец за Палермо (видео)

Несторовски повторно стрелец за Палермо (видео)

nestorovski-535x300

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски постигна нов гол за Палермо, но неговиот тим забележа уште еден пораз. Милан победи на Сицилија 2-1, а со ист резултат во рамките на 12-то коло Јувентус славеше во Верона кај Киево.

Илија Несторовски од натпревар во натпревар ја потврдува одличната форма, против Милан го постигна својот шести гол во Серија А. но Палермо забележа уште еден пораз.

Милан на Палермо му го нанесе петтиот пораз во низа, а до триумфот на Сицилија стигна со головите на Сусо во првото и Лападула во второто полувреме.

Несторовски во 72.минута го израмни резултатот.

Палермо е претпоследен на табелата со само шест бода. Сицилијанците имаат постигнато девет гола во 12 натпревари, шест од нив се дело на Несторовски.

Александар Трајковски, соиграчот на Несторовски не беше во протоколот за овој натпревар.

Третиот Македонец во Серија А, Горан Пандев, од клупата го гледаше ремито на Џенова и Удинезе 1-1.

Резултати: Киево-Јувентус 1:2, Палермо-Милан 1:2, Џенова-Удинезе 1:1, Сасуоло-Аталанта 9:3, Пескара-Емполи 0:4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП