5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМареј со титула во Париз го прослави првото место

Мареј со титула во Париз го прослави првото место

%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d1%82%d0%b8%d1%82%d1%83%d0%bb%d0%b0

Енди Мареј ја освои титулата на последниот Мастерс во Париз, со што на брилијантен начин ја заокружи најзначајната недела во неговата кариера, во која стигна до првото место на АТП листата.

Енди Мареј, во финалето на мастерсот во Париз, славеше против Американецот Џон Изнер со 2-1 (6-3, 6-7, 6-4).

Американецот против новиот број 1 одигра одличен меч, но никако не успеваше да се избори со одличната дефанзива на Мареј. Британецот успеа да спаси пет брејк топки, две во првиот сет. За разлика од Изнер Мареј успеа да направи по еден брејк во првиот и третиот сет и на крајот да ја освои титулата.

Мареј во Париз ја освои осмата титула во 2016 година и од понеделник ќе има 11.185 бодви, односно 405 повеќе од Новак Ѓоковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП