18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАјакс честеше шкотски петтолигаш со 27 гајби пиво

Ајакс честеше шкотски петтолигаш со 27 гајби пиво

east

Фудбалерите од шкотскиот град Ист Килбриџ поставија нов рекорд според бројот на последовни победи. Тие во саботата го совладаа БСЦ Глазгов со 3:1 и ја запишаа 27-та победа во низа, со што го урнаа рекордот на славната генерација на Ајакс од сезоната 1971/72.

Рекордот кој го поставија фудбалерите од градот кој има 80.000 жители сепак нема да влезе во Гинисовата книга на рекорди бидејќи тимот се натпреварува во петтиот ранг на шкотскиот фудбал.

Сепак иако нема да влезат во Гинис, фудбалерите на тој клуб добија честитки и подарок од досегашниот рекордер.

Имено, минатата недела, кога ја забележаа 26-та победа во низа клубот своето остварување го сподели преку Twitter, со напомена дека го израмнил рекордот на Ајакс.

Една недела подоцна Ајакс реши уште еднаш да им го честита рекордот. По завршувањето на натпреварот со БСЦ Глазгов на теренот влегло комбе, а кога играчите на Ист Килбриџ го отвориле внатре нашле 27 гајби со пиво и две шишиња шампањско, подарок од Ајакс.

Исто така тие добиле и видео порака со честитки која им ја упатил легендарниот голман на Ајакс, Едвин Ван Дер Сар, кој е актуелен директор на маркетинг службата на Ајакс.

„Ова е најголемиот успех во историјата на клубот. Ова е и мојот најголем успех. Да се надмине рекордот на Ајакс од времето на Кројф. Нестварно“, порачал Мартин Лухлан, поранешен шкотски фудбалер кој од оваа сезона го тренира тимот.

„Што и да вели Гинис, ние сме рекордери. И во големиот Ајакс тоа сега го знаат“, порачале рекордерите од малиот шкотски град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП