Холандскиот стратег Гус Хидинк е најголемиот фаворит да го пополни испразнетото тренерско место во Интер, пренесе лондонски Daily Mail.
Сопствениците на Интер, кинеската групација Сунинг, на 1.ноември му врачија отказ на Франк де Бур, под чие водство Интер на 14 натпревари забележа седум порази.
Хидинк (69) е без работа од завршувањето на минатата сезона кога го напушти Челзи, каде како привремен менаџер го наследи Жозе Мурињо.
Искусниот холандски стратег во својата кариера бил селектор на Австралија, Јужна Кореа, Русија и Турција, а како тренер ги предвоел ПСВ Ајндховен, Реал, Фенербахче, Валенсија, Бетис, Челзи.