27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ елиминиран, Мареј на победа од првото место на АТП листата

Ѓоковиќ елиминиран, Мареј на победа од првото место на АТП листата

novak-djokovic-and-andy-murray-696x392

Новак Ѓоковиќ ја загуби титулата на Мастерсот во Париз, откако во четвртфиналето подобар од него беше Марин Чилиќ (4-6, 6-7). По елиминацијата на Ѓоковиќ, Британецот Енди Мареј се наоѓа на една победа до првото место на АТП листата.

Марин Чилиќ во 15-от дуел со Новак Ѓоковичжќ ја забележа првата победа. Хрватскиот тенисер одигра одличен меч максимално ги искористи своите шанси и славеше 6-4, 7-6. За пласман во финалето тој ќе игра против Американецот Џон Изнер.

Поразот на Ѓоковиќ со голема веројатност значи дека од понеделник АТП ќе добие нов број 1. Тоа ќе биде Енди Мареј кој во четвртфиналето го победи Томаш Бердих 7-6, 7-5.

Мареј од понеделник ќе се искачи на првото место на АТП листата доколку успеа да се пласира во финалето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП