17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајнштајгер ќе добие 10 млн евра доколку замине од Јунајтед

Швајнштајгер ќе добие 10 млн евра доколку замине од Јунајтед

svajni

Манчестер Јунајтед е подготвен да му плати на Бастијан Швајнштајгер 10 милиони фунти, доколку тој се согласи да го раскине договорот со клубот.

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Германија, Бастијан Швајнштајгер е „технолошки вишок“ во Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Жозе Мурињо. Германецот сезонава нема ниту еден настап за првиот тим, а од почетокот на сезоната тренира со резервниот тим на Јунајтед.

Швајнштајгер има голема плата поради што челниците на клубот се подготвени да му плата 10 милиони фунти доколку се согласи да го напушти клубот.

„Начинот на кој Бастијан работи професионално, секој ден со кондицискиот тренер, преставува човечка одлука, максимално професионална со која се бори за место во тимот. Мислам дека ќе биде во многу подобра форма доколку реши да го напушти клубот“, изјавил Мурињо.

Швајнштајгер во 2015 година за сума од 10 милиони евра пристигна во Јунајтед од минхенски Баерн. Тој погаш потпиша тригодишен договор.

Првата сезона под водство на Луј Ван Гал одигра 31 натпревар, додека оваа сезона под палката на Мурињо нема ниту еден настап за Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП