21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈаја Туре јавно му се извини на Гвардиола

Јаја Туре јавно му се извини на Гвардиола

yaya-toure-2016-696x522

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, во изминатите сезони, Јаја Туре, јавно му се извини на менаџерот Пеп Гвардиола, поради изјавите кои во јавноста ги даваше неговиот менаџер Дмитри Селук.

Фудбалерот од Брегот на Слонова коска, Јаја Туре, поради изјавите на својот менеџер упатени кон Пеп Гвардиола, јавно му се извини на Шпанецот по што го исполни главниот предуслов за враќање во првиот тим на Манчестер Сити.

Гвардиола на почетокот од сезоната го отстрани Туре од тимот, откако менаџерот ја искоментира неговата одлука да не го пријави овој фудбалер за настап во Лигата на шампионите.

„Доколку ја освои Лигата на шампионите лично ќе одам во Англија и ќе му кажам дека тој е најдобриот менаџер во светот, но доколку не успее, верувам дека Пеп ќе има доблест да си ја признае грешката“, рекол тогаш Селук.

Гвардиола побара извинување од Селук или од Јаја Туре, со напомена дека тоа ќе биде главниот предуслов играч со квалитетите на Туре да биде во конкуренција за место во тимот. Два месеца подоцна Гвардиола доби јавно извинување од Туре.

„Сакам да се извинам поради своето, но и поради однесувањето на луѓето кои ме застапуваат. Му се извинувам на менаџментот и на луѓето кои работат во клубот. Чувствувам голема потчит кон Сити и на клубот му посакувам сé најдобро“, напиша Јаја Туре на својот профил на Twitter.

Јаја Туре во Манчестер Сити пристигна во 2010 година од Барселона, каде тренер му беше Гвардиола. Со англискиот тим има освоено две шампионски титули, два Лига купа и по еден трофеј во ФА купот и Комјунити Шилд.

Дресот на Манчестер Сити го носел на 267 натпревари, на кои постигнал 75 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП