20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛопетеги го објави списокот за мечот со Македонија

Лопетеги го објави списокот за мечот со Македонија

espana-696x414

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Хулен Лопетеги, го објави поширокиот список на фудбалери кои се во конкуренција за натпреварот од европските квалификации за пласман на Светското првенство, против Македонија.

Лопетеги на Македонија ќе им ги спротивстави најдобрите играчи кои во моментов му стојат на располагање. Единаестмина од повиканите 25 фудбалери настапуваат во странство.

Шпанскиот селектор за натпреварот со Македонија нема да може да смета на повредените Андрес Иниеста, Жорди Алба, Жорди Алба и Серхио Рамос.

Дуелот од четврото коло, во квалификациската Група Г, меѓу Шпанија и Македонија ќе се одигра на 12. ноември во Гранада.

Списокот на Лопетеги за мечот со Македонија:

Голмани: Давид Де Хеа (Манчестер Јунајтед), Хозе Реина (Наполи), Серхио Асенхо (Виљареал)

Одбрана: Серхи Роберто (Барселона), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Марк Бартра (Борусија Д.), Сезар Аспиликуета (Челзи), Ињиго Мартинез (Реал Сосиедад), Начо Фернандез (Реал Мадрид), Начо Монреал (Арсенал), Серхио Ескудеро (Севилја)

Среден ред: Давид Силва (Манчестер Сити), Тијаго Алкантара (Баерн Минхен), Хуан Мата (Манчестер Јунајтед), Коке (Атлетико Мадрид), Иско (Реал Мадрид), Лукас Васкез (Реал Мадрид)

Напад: Витоло (Севилја), Хозе Каљехон (Наполи), Нолито (Манчестер Сити), Диего Коста (Челзи), Ариц Адуриз (Атлетик Билбао), Алваро Мората (Реал Мадрид).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП