3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПонуда која не се одбива, Вилас-Боаш оди во Кина

Понуда која не се одбива, Вилас-Боаш оди во Кина

andre-villas-boas

Португалскиот тренер Андре Вилас-Боаш, кој беше во комбинација за нов тренер на Интер, кариерата ќе ја продолжи во Кина, откако од Далечниот исток добил понуда која не се одбива.

Андре Вилаш-Боаш кариерата ќе ја продолжи во Шангај СИПГ, каде годишно ќе заработува 12 милиони евра. Португалецот ќе биде третиот најплатен тренер во светот, пред него само се неговиот сонардоник Жозе Мурињо кој во Манчестер Јунајтед годишно заработува 15 милиони евра и Пеп Гвардиола, чии услуги Манчестер Сити го чинат на годишно ниво 21,5 милиони евра.

Вилас-Боаш во кариерата бил тренер на Академика, Порто, Челзи, Тотенхем и Зенит, каде во мај годинава доби отказ. Бил шампион на Португалија и Русија и освојувач на Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП