7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКина повторно главен „виновник“ за добрите резултати на Qualcomm

Кина повторно главен „виновник“ за добрите резултати на Qualcomm

kval3

Производителот на чипови за смартфони „Qualcomm“, кој минатата недела ја купи компанијата „NXP Semiconductors“ за околу 38 милијарди долари, забележа поголем раст на приходите за кварталот од очекуваното. Скокот од 13,3% е помогнат од силна побарувачката, особено во Кина, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на компанијата запишаа слаб раст на цената за време на берзанската трговија во средата.

Компанијата со седиште во Сан Диего која обезбедува чипови за производители на смартфони со „Android“ и на „Apple“, забележа дека има продадено 211 милиони чипови во кварталот. Нејзината лична прогноза беше за продажба во опсег 195-215 милиони примероци. Од своја страна, аналитичарите очекуваа 206,1 милиони продадени чипови во кварталот според компанијата за студии „FactSet StreetAccount“.

„Qualcomm“ добива голем дел од своите приходи од продажбата на чипови, но значителен дел од профитот и е од патенти за безжични услуги кои ги лиценцира кон мобилната индустрија.

Договорот со „NXP“ – најголемиот во историјата на индустријата со чипови ќе го направи „Qualcomm“ водечки снабдувач на брзорастечкиот пазар на чипови за автомобили.

„Qualcomm“ вели дека очекува нејзините приходи да достигнат 5,7-6,5 милијарди долари во тековното тромесечје. Аналитичарите очекуваат 6,15 милијарди долари според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Нето добивката е зголемена до 1,60 милијарди долари, или 1,07 долари по акција, во четвртиот квартал, што заврши на 25-ти септември, од 1,06 милијарди долари, или 67 центи по акција година порано.

Приходите се зголемија до 6,18 милијарди долари од 5,46 милијарди долари.

Како се исклучат некои елементи, „Qualcomm“ има заработено по 1,28 долари по акција, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите за 1,22 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП