5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакомет: Србија убедлива во Полска

Ракомет: Србија убедлива во Полска

%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82-%d1%81%d1%80%d0%b1%d0%b8%d1%98%d0%b0

Ракометната репрезентација на Србија го направи најголемото изнендување во првото квалификациско коло за пласман на Европското првенство во Хрватска. Србија, во Гдањск, славеше над Полска 37-32.

Србија со новиот селектор Јовица Цветковиќ во голем стил ги започна квалификациите за пласман на ЕП. Србите предводени од Ненадиќ (10 голови) и Стојковиќ (7 голови) ја победија Полска 37-32. Според српските медиуми забележителен настап во одбраната имале играчите на Вардар Абутовиќ и Марсениќ. На голот на Србија биле голманите на Вардар и Металур Милиќ и Арсиќ.

Останатите фаворити нема проблеми на стартот, Данска, Шпанија, Франција, Шведска и Германија запишаа убедливи победи.

Група 1: Данска-Холандија 29:20, Унгарија-Латвија 24:16
Група 2: Полска-Србија 32:37, Романија-Белорусија 26:23
Група 3: Австрија-Финска 27-31, Шпанија-БиХ 30:21
Група 4: Македонија-Украина 27:21, Исланд-Чешка 25:24
Група 5:Словенија-Швајцарија 32:27, Германија-Португалија 35:24
Група 6: Шведска-Црна Гора 36:21, Русија-Словачка 31:31
Група 7: Франција-Литванија 37:20, Норвешка-Белгија 35:26.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП