9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИндира Кастратовиќ ќе работи во вардаровата Академија

Индира Кастратовиќ ќе работи во вардаровата Академија

indi20k3

Индира Кастратовиќ, која од пред две недели не е повеќе тренер на ЖРК Вардар, ќе остане во клубот и ќе работи во Академијата со младите генерации.

„Пред неколку дена ми се јави Индира, ми кажа дека сака да остане во клубот, да работи со младите. Бев на службен пат и сега немам детални информации, но мислам дека Индира од 1. ноември започна да работи во Академијата на Вардар со малдите категории“, откри сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко.

Индира Кастратовиќ на кормилото на Вардар застана пред четири години, во тој период освои четири титули и три купа на домашната сцена, а во Лигата на шампионките трипати го освојуваше третото место.

Инаку, Индира на клупата на женскиот тим на Вардар, ја наследи Давид Дејвис Камара, кој му беше помошник на Раул Гонзалес во машкиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП