23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧикаго Кабс освои титула по пауза од 108 години (видео)

Чикаго Кабс освои титула по пауза од 108 години (видео)

%d0%ba%d0%b0%d0%b1%d1%81

Бејзбол тимот Чикаго Кабс ставија крај на најдолгата серија меѓу две освоени титули во историјата на професионалниот спорт, откако ја освоија МЛБ лигата по пауза од 108 години.

Чикаго Кабс до својата трета титула во клупската историја стигнаа во серијата со Кливленд Индијанс, и тоа на импресивен начин. По четири меча Чикаго губеше со 1-3 во победи, но успеа да победи на три натпревара по ред и да ја освои титулата.

Чикаго последните два натпревара ги доби на теренот во Кливленд, шестиот со 9-3, а седмиот со 8-7.

Кабси претходните две титули во Светската серија, која е воведена во 1903 година, ги освоија во низа во 1907 и 1908 година. Со триумфот во големото финале Кабси ставија крај на најдолгата серија меѓу две освоени титули во историјата на професионалниот спорт.

Од друга страна, овој веројатно неславен рекорд, сега оди кај Кливленд Индијанс, бидејќи оваа екипа на својата трета титула во МЛБ чека од 1948 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП