Расел Вестбрук повторно одигра брилијантен меч, речиси сам го победи ЛА Клиперс и на најдобар начин го најави гостувањето на Оклахома во Оукленд кај Голден Стејт, чии дрес од оваа сезона го носи Кевин Дурент.

Расел Вестбрук постигна 35 поени, вклучувајќи и последните два на мечот во Лос Анџелес, со кои Оклахома славеше против Клиперси 85:83. Вестбрук на 35-те поени придодаде шест скокови, пет асистенции, три украдени, но и 10 загубени топки.
Вестбрук беше единствениот играч на Оклахома кој постигна двоцифрен број на поени. Плејмејкерот на Оклахома со брилијантната партија го најави дуелот против Голден Стејт и својот поранешен соиграч Кевин Дурент.
Клиперси ги предводеа Крис Пол (15 поени, 11 скокови, 9 асистенции) и Блејк Грифин (14 поени).
Резултати: Шарлот-Филаделфија 109:93, Вашингтoн-Торонто 103:113, Атланта-ЛА Лејкерс 116:123, Бруклин-Детроит 109:101, Њујорк-Хјустон 99:118, Бостон-Чикаго 107:100, Мемфис-Њу Орлеанс 89:83, Јута-Далас 97:91, Феникс-Портланд 118:115.