24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧудо во Варшава, Реал се спаси од пораз (видео)

Чудо во Варшава, Реал се спаси од пораз (видео)

real-spasi

Легија и Реал, во Варшава, одиграа спектакуларн меч, за жал без присуство на публика, кој заврши 3-3. Реал со овој непланиран кикс го доведе во прашање првото место на табелата во Ф групата. Киксот на Реал го искористи Борусија Дортмунд која по триумфот над Спортинг 1-0, веќе обезбеди пласман во нокаут рундата.

Почетокот на натпреварот во Варшава ниту одблиску не можеше да ја отслика драмата која се случи во неговиот финиш. Реал поведе уште во 56 секунда со спектакуларниот гол на Бејл, а кога Бензема во 35.мнута зголеми на 0-2 очекувано беше Легија да доживее убедлив пораз.

Но на пет минути до крајот на првиот дел Ожижа-Офое успеа да го совлада Кејлор Навас и да намали на 1-2. Резултатот потоа го израмни Радовиќ во 58.минута, а целосен пресврт Лигаја направи со голот на Мулин во 83.минута.

Сепак Реал три минути подоцна израмни преку Ковачиќ, а во 93.минута Асенсио ја погоди гредата.

Борсија во Дортмунд го победи Спортинг со голот на Рамос и со 10 бода се зацврсти на првата позиција и обезбеди пласман во нокаут рундата.

Во Е групата Монако ја задржа челната позиција по триумфот над ЦСКА 3-0, во кој два гола постигна Фалкао. На втрото место е Баер Леверкузен кој славеше кај Тотенхем со 1-0, со голот на Кампл.

Лестер е лидер во Г групата, по четири кола англискиот првак сеуште не примил гол во ЛШ. Лестер во Копенхаген одигра 0-0. Во вториот меч Порто со 1-0 славеше над Бриж.

Севилја убедливо славеше над Динамо Загреб 4-0 и се проби на првото место во групата, бидејќи Јувентус одигра само 1-1 против Олимпик Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП