3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрибак: Добро е што победивме, но ние можеме многу повеќе

Прибак: Добро е што победивме, но ние можеме многу повеќе

%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b1%d0%b0%d0%ba

Ракометната репрезентација на Македонија, според планираното, со победа против Украина (27-21) ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство во 2018 година. Впечаток на сите по натпреарот е дека овој тим може уште поеќе да напредува во играта, иако никој не го криеше задоволството од победата.

Македонија по речиси една деценија започна еден квалификациски циклус без Миркуловски и Мојсовски, кои ставија крај на своите репрезентативни кариери.

Од бековската тројка кој долго време ја носеше играа на ракометната репрезентација остана само капитенот Лазаров, а покрај него во поставата се Немања Прибак како среден и Филип Талевски како лев бек.

Овие двајца одиграа добро против Украина, Талевски постигна три, а Прибак еден гол, но играчот на Бешикташ повеќе внимание посвети на организацијата на играта, што е негова примарна задача.

Во изјава за Макфакс, Прибак се согласува дека овој тим може многу повеќе, а очекува вистинското лице да го покаже веќе в сабота против Чешка.

„Мислам дека не одигравме како што знаеме, мислам дека сме подобри од ова што го прикажавме денеска. Сепак секогаш е незгодно да се играат вакви натпревари. Имавме малку тренинзи во комплетен состав, само еден со играчите кои играат во Германија, два со Кире Лазаров. Мислам дека ние можеме многу подобро од ова, но добро е што со победа ги започнавме квалификациите. Примивме 21 гол но имам чувство дека можевме уште подобро да одиграме во одбраната, имаме уште доста резерви во нас“, рече Прибак.

„Мечот со Чешка е многу важен за нас, но и за нив, ги знаете причините, Чесите уште се жалат на судиите од јунскиот натпревар. Поради тоа ги вратија сите репрезентативци, ќе играат нивните најдобри и најискусни играчи“, дополни Прибак.

Македонија ќе и гостува на Чешка в сабота од 14:30 чаот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП