26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМатиќ замина од Карпош Соколи

Матиќ замина од Карпош Соколи

%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%ba

Српскиот тренер Синиша Матиќ повеќе не е тренер на Карпош Соколи. Тој поднел оставка по поразот од Олимпија во понеделникот.

Карпош Соколи имаат катастрофален старт во сезоната, тимот има серија од девет порази, од кои седум се во АБА лигата, а два во балканската БИБЛ лига, што е единствената причина за заминувањето на Матиќ.

И покрај разделбата со тренерот од Карпош Соколи истакнуваат дека неговото име ќе биде запишано во клупската историја, минатата сезона Карпош Соколи беше финалист во Купот и полуфиналист во првенството на Македонија.

Раководството на Карпош Соколи допрва ќе го бара наследникот на Матиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП