9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите со триумф ги започнаа квалификациите, Лазаров ја реши Украина

Ракометарите со триумф ги започнаа квалификациите, Лазаров ја реши Украина

%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d1%83%d0%ba%d1%80%d0%b0%d0%b8%d0%bd%d0%b0

Македонската ракометна репрезентација со победа стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2018 година. Македонија, предводена од Кире Лазаров, во средата, славеше против Украина 27-21.

Македонија ги запиша планираните бодови против Украина, направи добра увертира пред саботното гостување во Чешка, а првиот впечаток е дека во играта на избраниците на Лино Червар постои уште простор за напредок.

Најавите дека Украина може да биде незгоден противник се потврдија на теренот во арената „Борис Трајковски“, долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, а до максималната предност од шест гола избраниците на Червар стигнаа во последните пет минути.

Македонија го отвори натпреварот со два гола на Стоилов, потоа Украина возврати со ти гола. Украинците во првите 12 минути одржуваа предност од еден гол (4-5). Македонија потоа возврати со серија 7-2, за во тој момент максимална предност 11-7 во 21.минута.

Кризата во нападот на Македонија, во последните девет минути од првиот дел, Украинците ја искористија да намалат еден гол од негативата (13-10).

Во второто полувреме Македонија ја одржуваше предноста од два до четири гола, во еден момент реултатот беше плус пет (22-17), но Украинците одново се вратија на два гола негатива.

Македонија по серијата на Украина повторно успеа да ја стабилизира играта во одбраната, Даскаловски кој го замени Ристовски на голот одбрани два шута во серија, Лазаров погоди од својата позиција, а Георгиевски од десно крило, по што беше јасно дека бодовите ќе останат во Скопје.

Лазаров со 12 погодоци ја предводеше Македонија, Манасков постигна шест, Талевски три, Стоилов два, а Георгиевски, Неловски, Прибак и Кузмановски по еден гол.

Наредниот меч во квалификациите Македонија ќе го одигра веќе в сабота кога ќе гостува во Чешка во терминот од 14:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП