29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМинатата година македонските клубови заработија 1.810.000 евра

Минатата година македонските клубови заработија 1.810.000 евра

uefa-objasnuvanje31

Според најновите детали кои ги објави европската куќа на фудбалот (УЕФА), претставниците од Македонија со настапите во европските купови во сезоната 2015/16 на своите сметки инкасирале 1.810.000 евра.

Од нашите преставници во Европа, најдобро помина Работнички, популарните „Романтичари“ добиле 860.000 евра.

Клубот од Дебар Маало добил 200.000 евра за настапот во првото квалификациско коло, 210.000 евра за второто, 220.000 за третото и уште 230.000 евра за елиминацијата во плеј-офот од Рубин Казан.

uefa-objasnuvanje32

Првакот на Македонија, Вардар инкасирал 550.000 евра. 300.000 евра за елиминацијата во второто коло од АПОЕЛ, како и дополнителни 250.000 евра за тоа што е шампион кој не успеал да обезбеди настап во групната фаза.

Шкендија и Ренова, кои беа елиминирани уште во првото коло, добиле по 200.000 евра.

Најголема заработувачка за минатата сезона имаше Манчестер Сити – 83.853,000 милион евра. Следен по него е Реал Мадрид со 80.067.000 милиони и Јувентус со 76.256.000 милиони евра.

Меѓу најдобрите 10 се најдоа:

1.Манчестер Сити 83,853,000 евра

2. Реал Мадрид 80,067,000 евра

3. Јувентус 76,256,000 евра

4. Париз Сен-Жермен 70,803,000 евра

5. Атлетико Мадрид 69,665,000 евра

6. Рома 68,461,000 евра

7. Баерн 68,461,000 евра

8. Барселона 56,552,000 евра

9. Арсенал 53,423,000

10. Волфсбург 50,292,000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП