21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМајсторијата на Езил го одушеви светот (видео)

Мајсторијата на Езил го одушеви светот (видео)

%d0%b5%d0%b7%d0%b8%d0%bb

Спектакуларниот гол кој Месут Езил го постигна во претпоследната минута на натпреварот Лудогорец-Арсенал (2:3) ја воодушеви фудбалската јавност низ целиот свет. Германскиот репрезентативец, во Софија во 89. минута, демонстрираше неверојатна контрола и сталоженост.

Лудогорец беше на прагот да направи големо изнендување во Лигата на шампионите, најпрвин за 15 минути бугарскиот шампион против Арсенал стигна до предност од 2-0, која ја анулираа Џака и Жиру до крајот на првиот дел, потоа имаше реми, но сензација спречи Месут Езил со спектакуларниот гол во претпоследната минута.

Езил најпрвин го префрли голманот, а потоа со два дриблинга исфрли од игра двајца противнички дефанзивци и потоа ладнокрвно ја затресе мрежата.

„Ми делуваше дека не го одбрал најдоброто решение, но веднаш го сменив мислењето кога ја видов топката во голот“, рекол менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој дополнил дека „големите играчи секогаш носат вистински одлуки“.

Арсенал со победата над Лудогорец веќе обезбеди пласман во осминафиналето, а со ПСЖ ќе се бори за првото место во А групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП