22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар го одреди тимот за Украина

Червар го одреди тимот за Украина

sostav-mk33

Македонската ракометна репрезентација денеска го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2018 година, кое ќе се одржува во Хрватска.

Патот кон континенталниот шампионат во Хрватска, македонските ракометари ќе го започнат со натпреварот против Украина, денес со почеток во 18:30 часот во арената „Борис Трајковски“. Во Групата 4, покрај Македонија и Украина партиципираат и националните тимови на Чешка и Исланд.

Овој циклус на квалификации е првиот кој Македонија ќе биде без Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски, играчи кои повеќе од една деценија со успех го носеа дресот со државниот грб. Овие двајца во јуни, кога завршија квалификациите за пласман на Светското првенство, решија да ја завршат репрезентативната кариера.

Македонија во квалификациите, како што вели селекторот Лино Червар, ќе комбинација „на играчи кои повеќе години играат за Македонија и неколкумина помлади играчи, но играњето за Македонија е нешто што е над сите клупски интереси, тоа е обврска и чест.“

Селекторот и неговите асистенти ја анализирале Украина, репрезентација која е типичен преставник на руската школа, репрезентација која игра цврсто на граница на исклучување и доколку пристапот не биде серизен тогаш може да биде незгоден противник.

„Украина може да биде многу незгоден противник противник доколку пристапот против нив не биде вистински. Значи дека ние треба да се бориме за секоја топка, за секој сантиметар од теренот. Ако има страст во нашата игра, ако го оставиме срцето на теренот, тогаш можеме да размислуваме за позитивен резултат. Доколку тоа не го не го направиме Украина ќе биде незгоден противник“, вели селекторот Червар.

Инаку, селекторот го одбра тимот кој ќе им се спротивстави на Украинците. Червар одреди 16 ракометари од кои најголемиот дел имаат завидно репрезентативни искуство, а поголем дел од нив играа на последното ЕП и на олимписките квалификации.

Од списокот на 21 играч, Червар ги изостави голманот Томовски, потоа Поповски, Тасевски, Велковски и Арнаудовски.

Составот за натпреварот со Украина:

Ристовски (Барселона), Даскаловски (Тимисоара), Ојлески (Ородехи), Манасков (Рајн Некар), Георгиевски (Букурешт), Кузмановски, Талевски , Нелоски, (сите од Металург), Стоилов (Вардар), Кирил Лазаров (Барселона), Филип Лазаров (Тимисоара), Никола Маркоски (Орошази), Велко Маркоски (Загреб), Ацо Јоноски (Бергишер),Митков (Кремс), Прибак (Бешикташ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП