2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГундоган ја сруши Барселона (видео)

Гундоган ја сруши Барселона (видео)

gundo

Отворањето на четвртото коло во Лигата на шампионите донесе победа на Манчестер Сити над Барселона, во дербито, неколку интересни натпревари, по кои пласман во нокаут рундата веќе изборија Арсенал и ПСЖ од А групата односно Атлетико и Баерн од Д групата.

Манчестер Сити ја прекина серијата од пет порази во дуелите со Барселона, во Лигата на шампионите, а Пеп Гвардиола кончно успеа да слави против својот поранешен клуб. Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган со два гола го предводеше Сити до победата.

Сити ја заслужи победата бидејќи одигра подобро, максимално го искористи отсуството на Пике и Алба во одбраната на Барселона.

Барса го шокира „Итихад“ кога Меси и Нејмар изведоа брилијанта контра во 21-та минута, а акцијата ја заврши Аргентинецот.

Гундоган израмни 18 минути подоцна. На голот му претходеше грешката на Серхио Роберто.

Сити направи пресврт во 51-та минута кога Де Брујне постигна гол од слободен удар. Голот оди на душа на голманот Тер-Штеген. Веднаш потоа Барселона изведе нова опасна контра, но ударот на Андре Гомеш заврши во дирекот.

Конечните 3-1 ги постави Гундоган со својот втор гол.

Во вториот меч од оваа Ц група Борусија и Селтик во Менхенгладбах одиграа 1-1.

Барса е лидер во Ц групата со девет бодови, Сити има седум, Борусија четири,а Селтик два.

Во А групата Лудогорец беше на прагот на сензација, но Арсенал запиша победа со голот на Езил во 88-та минута. Претходно Лудогорец за само три минути преку Кафу и Кесеру поведе со 2-0, а до крајот на полувремето Арсенал израмни со головите на Џака и Жиру.

ПСЖ во Базел до победата дојде во 90-та минута со голот на Муние. Претходно Матуиди му донесе предност на францускиот тим, а израмни Зуфи во 78-та минута со прекрасен гол. Зуфи од 30-тина метри го лобоваше лошо поставениот голман на ПСЖ.

На две кола до крајот на фазата по групи, Арсенал и ПСЖ имаат по 10 бодови и веќе за со сминафиналето, додека Базел и Лудогорец имаат по еден бод.

Во Б групата три тима конкурираат за двете места во нокаут рундата. Бешикташ и Наполи одиграа 1-1, а Бенфика минимално го победи Динамо Киев.

Бешикатш и Наполи имаат по седум бода, еден помалку има Бенфика, а Динамо Киев е последен во групата со еден бод.

Во Д групата Атлетико ја забележа и четвртата победа. Гризман со два гола го реши Ростов, кој успешно одолеваше на нападите на противникот се до 94-та минута.

Гризман го постигна првиот гол во 28-та минута, а една минута подоцна израмни Иранецот Азмун. Атлетико напаѓаше во вториот дел, а отпорот на Ростов беше скршен во 94-та минута кога францускиот репрезентативец го постигна својот втор гол.

ПСВ поведе против Баерн со голот од офсајд на Аријас, а потоа Левандовски со два гола направи пресврт.

Атлетико има 12 бодови, Баерн девет и овие два тима се веќе во наредната фаза. ПСВ и Росотов освоија по еден бод и тие ќе се борат за третото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП