1 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКулакова: Серена користи нешто што наликува на хероин

Кулакова: Серена користи нешто што наликува на хероин

serena

Клара Кукалова, 34-годишната чешка тенисерка, ја обвини Серeна Вилијамс дека користи „нешто што наликува на хероин“.

Руските хакери пред еден месец на страниците на WADA (Светска антидопинг агенција), пронајдоа извештаи на кои е наведено што сé користела Серена Вилијамс со одобрение од агенцијата.

„Разочарана сум, бидејќи сето тоа се турка ‘под тепих’. Серена со дозвола на WADA користи супстанција која делува исто како и хероинот, и којашто создава еуфорично чувство“, рекла Кукалова.

„И сега ние наводно играме против тешко болната Серена, а хакерите ги открија сите информации. Потоа излезе дека Серена користела само неколку таблети. И одеднаш сето тоа се заборава и никој повеќе тоа не го споменува“, додава.

Самата Серена Вилијамс, кога руските хакери ги објавија извештаите, призна дека со одобрение на WADA користела забранет лек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар