18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристал Палас го бара Ивановиќ

Кристал Палас го бара Ивановиќ

%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba

Премиерлигашот Кристал Палас покажал сериозен интерес за дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ, пренесува Mirror.

Долгогодишниот столб на одбраната на Челзи, Ивановиќ, од доаѓањето на новиот менаџер Антонио Конте има мала минутажа на теренот, а откако Италијанецот започна да игра со тројца во последната линија, капитенот на српската репрезентација е закован на клупата за резерви.

Таквиот статус и фактот дека летово му истекува договорот со Челзи, предизвикува голем интерес кај неколку премиерлигашки тимови за услугите на Ивановиќ.

Како што пренесува Mirror, најсериозен интерeс покажува лондонскиот ривал на Челзи, Кристал Палас, односно менаџерот Алан Пардју.

Ивановиќ има 32 години, во Челзи е од 2008 година, а со „сините“ има освоено две титули во Премиерлигата, три во ФА купот и по една во Комјунити шилд, Лига купот, Лигата на шампионите и Лига Европа.

За Челзи, српскиот репрезентативец има одиграно 368 натпревари, на кои постигнал 33 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП