13 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го носи Хименез од Атлетико на „Олд Трафорд“

Мурињо го носи Хименез од Атлетико на „Олд Трафорд“

%d1%85%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d0%bd

Манчестер Јунајтед не игра добро оваа сезона, тоа му е јасно на менаџерот Жозе Мурињо, кој подготвува листа на засилувања кои ќе се обиде да ги ангажира во јануарскиот преоден рок. Една од најголемите желби на Португалецот е младиот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Хосе Хименез.

Манчестер Јунајтед потроши многу пари во изминатите неколку преодни рокови, но ниту Луј Ван Гал, ниту Жозе Мурињо не успеаја да стокмат екипа која ќе ги врати „црвените ѓаволи“ во врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Летово Јунајтед го урна трансфер рекордот со ангажманот на Пол Погба, донесен е и Златан Ибрахимовиќ, како и Хенрик Мхитаријан, но од сите звучни трансфери само Ерик Баили го оправда вложеното.

Мурињо, во јануари, ќе се обиде да му донесе вистински партнер во одбраната на Баили, негов прв пик е младиот Уругваец од Атлетико, Хименез.

Според англиските медиуми, Јунајтед бил подготвен да ја активира откупната клаузула која во случајот на Хименез изнесува 56 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП