Манчестер Сити-Барселона е натпреварот кој привлекува најмногу внимание во 4. коло, во Лигата на шампионите. Сити, кој речиси и да нема шанси за освојување на првото место во групата, ќе се обиде да ѝ се реваншира на Барселона за поразот 0-4 пред две недели на „Ноу Камп“.
Барселона со максимални три победи е на чекор до обезбедување пласман во нокаут фазата, а доколку не загуби во Манчестер ќе го обезбеди и првото место во Ц групата. Сити, од друга страна, има императив на победа, бидејќи на табелата има само бод повеќе од Борусија Менхенгладбах, која во ова коло ќе го пречека Селтик.
Во Д групата, Атлетико Мадрид и Баерн со евентуални победи над Ростов односно ПСВ Ајндховен ќе си обезбедат пласман натаму, а потоа меѓу себе ќе одлучуваат за првото место во групата.
Слично е и во А групата каде водечките две екипи Арсенал и ПСЖ гостуваат кај Лудогорец, односно Базел.
Најнеизвесна е ситуацијата во Б групата во која сите четири екипи имаат шанси за пласман на едно од првите две места.
Бешикташ ќе го пречека Наполи, а Динамо Киев ќе и гостува на Бенфика.
Група А: Базел-ПСЖ, Лудогорец-Арсенал
Табела: Арсенал 7, ПСЖ 7, Базел 1, Лудогорец 1
Група Б: Бешикташ-Наполи, Бенфика-Динамо Киев
Табела: Наполи 6, Бешикташ 5, Бенфика 4, Динамо 1
Група Ц: Манчестер Сити-Барселона, Борусија-Селтик
Табела: Барселона 9, Сити 4, Борусија 3, Селтик 1
Група Д: Атлетико Мадрид-Ростов, ПСВ Ајндховен-Баерн
Табела: Атлетико 9, Баерн 6, Ростов 1, ПСВ 1
Со исклулок на натпреварот Бешикташ-Наполи кој ќе започне во 18:45 часот, сите останати натпревари стартуваат во редовниот термин од 20:45 часот.