Компанијата „IDC“ ги претстави резултатите од своето истражување кое се однесува на пазарот на таблети. Тие покажуваат дека споменатиот пазар бележи пад на испораката осми квартал по ред.
Во текот на третиот квартал од оваа година се испорачани 43 милиони таблети, што е под испораката од 14,7% на годишна основа (во текот на третиот квартал од лани беа испорачани 50,5 милиони уреди). Податоците на „IDC“ се однесуваат на традиционалните таблети, како и за таблетите со тастатури.
Петте водечки производители на таблети премногу не се менуваа во однос на минатиот квартал, па редоследот е „Apple“, „Samsung“, „Amazon“, „Lenovo“ и „Huawei“.
„Apple“ и покрај падот на испораката го зголеми својот водечки пазарен удел на 21,5%, додека „Samsung“ забележи пад на пазарниот удел (нa 15,1%), но сепак испораките на јужнокорејската компанија беа двојно поголеми од најблискиот конкурент.
„Amazon“ го зголеми својот пазарен удел на 7,3%, „Lenovo“ имаше удел од 6,3%, додека „Huawei“ имаше пазарен удел од 5,6%.