19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСелекторот на каратистите: Не освоивме медал, но не разочаравме

Селекторот на каратистите: Не освоивме медал, но не разочаравме

karatistite-333

„Не освоивме медал, но не разочаравме“, рече селекторот на карате репрезентацијата на Македонија, Петар Белистојановски, на прес конференцијата во вторникот одржана по повод настапот на националниот тим на Светското првенство, кое во австриски Линц се одржа од 25. до 30. октомври.

Светското првенство во Линц беше историско откако каратето се обедини, што резултираше со прием во семејството на олимписките спортови. Каратето, имено, како спорт ќе биде присутно на Олимписките игри во Токио во 2020.

„Иако имавме големи амбиции, иако бевме добро подготвени, сепак нешто не нé посака за да оствариме добар резултат. Знаевме дека ќе биде тешко да се оствари добар резултат. Нешто одлучи, дали лоша тактика, дали лошата среќа реши во борбите на Заборска и Павлов, еве јас ја преземам одговорноста, можеби во едниот меч требаше да бидеме поофанзивни, во другиот подефанзивни. Мене лично, тешко ми падна овој неуспех.“, рече селектор Петар Белистојановски, кој дополни дека „иако не освоиле медал,  репрезентативците „не потфрлиле“ на СП.

Симона Заборска и Емил Павлов беа најблиску можност да се борат за медал, но тие не успеаја да го минат четвртфиналето, а откако противниците од кои беа поразени подоцна загубија, тие останаа без шанси и за влез во репасажот.

„Очекував многу повеќе од СП во Линц, завршив со три победи и пораз. Во првата борба добив еден тежок удар, но не сакам тоа да биде некакво алиби. Сакам да напоменам дека тоа влијаеше врз моите натамошни борби. Дури се мислевме дали да продолжам понатаму. Во четвртфиналето загубив од Азербејџанецот, кој сега е мој должник, бидејќи и во Баку загубив од него“, рече Емил Павлов.

„Бев подготвена за ова СП, добро работев во тренажниот процес. Настапот на Универзијадата каде го освои второто место ми беа мотив повеќе за настап на СП во Линц. За жал, не успеав да освојам медал, забележав три победи, а во решавачката четврта борба загубив по судиското прегласување со минимален резулатат. Се надевам на подобар резултат на Европското првенство во мај“, рече Симона Заборска.

На Светското првенство во Линц учествуваа над 1.000 спортисти од 118 земји. Наредното големо натпреварување на кое ќе учествуваат македонските репрезентативци е Европското првенство кои ќе се одржи во мај наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП