9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНесторовски ја продолжи гол серијата, Палермо повторно загуби (видео)

Несторовски ја продолжи гол серијата, Палермо повторно загуби (видео)

nesto

Македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски ја продолжи голгетерската серија во Серија А, но неговиот тим Палермо повторно загуби.

Каљари, во последниот меч од 11 .коло, го совлада Палермо со 2-1, а единствениот гол за тимот од Сицилија го постигна Несторовски.

Несторовски постигна гол во 79.минута за намалување на негативата, но до крајот Палермо не успеа да стигне барем до бод. За репрезентативецот на Македонија ова беше петти гол во Серија А, а вклучувајќи ги и настапите во репрезентацијата негов шести гол на последните десет натпревари.

Претходно Каљари стигна до предност од 2-0 со головите на Досена постигнати во 53. и 63.минута од натпреварот.

Поразот од Каљари е четвртиот во серија за Сицилијанците кои на табелата се претпоследни со само шест бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП