20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПепе го пропушта Атлетико, неизвесен и за Ел Класико

Пепе го пропушта Атлетико, неизвесен и за Ел Класико

%d0%bf%d0%b5%d0%bf%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе, поради повредата на „задната ложа“ ќе го пропушти градското дерби со Атлетико, а неизвесен ќе биде и за дуелот со Барселона.

Португалскиот дефанзивец се повреди, во саботата, на натпреварот против Алавес на кој Реал забележа убедлива победа од 4-1. Првите тестови покажале дека Пепе ќе мора да отсуствува најмалку четири недели.

Во овој период Реал ќе игра во Лигата на шампионите против Легија и Спортинг Лисабон, а во првенството против Леганес, Атлетико (19.ноември) и Спортинг Хихон.

Неговиот настап на 4.декември, во дербито против Барселона, ќе зависи од тоа колку ќе биде успешна неговата рехабилитација.

Пепе има 33 години, во Реал пристигна во 2007 година од Порто за 30 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП