8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТаеквондо репрезентацијата во АМС

Таеквондо репрезентацијата во АМС

%d1%82%d0%b0%d0%b5%d0%ba

Македонската таеквондо репрезентација, во понеделникот, имаше прием кај првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески.

Македонските таеквондисти, на неодамнешниот според ранг највисок турнир во Олимписко таеквондо, инаку еден од трите најсилни турнири во Eвропа со ранг Г1, забележаа историски резултата освојувајќи едно злато и едно сребро.

Натпреварувачите Дејан Георгиевски (јуниори) во категорија +78 кг освои злато, тој забележа три победи со технички нокаут, а Филип Додевски (јуниори) во категорија -74 со три победи стигна до среброто.

Директорот Спасески потсети дека АМС во континуитет им дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма, односно за настапите на нашите репрезентативци на меѓународните натпреварувања и за стручната работа на тренерите се доделени вкупно 750.000 денари.

Дополнително, за реализација на проектот “Таеквондо за секого” и годинава АМС обезбедила 40.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП