21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалијани по три децении ќе го напушти Милан

Галијани по три децении ќе го напушти Милан

galijani

Легендарниот челник на фудбалскиот клуб Милан, Адријано Галијани, по три децении е подготвен да го напушти клубот, доколку и кај новите сопственици не ја извршува функцијата на генерален директор.

Фудбалскиот клуб Милан, во јануари, треба да стане сосптвеност на кинески конзорциум, кој на позицијата почесен претседател ќе го остави досегашниот сопственик Силвио Берлускони, но планира друг човек да биде генерален директор, функција која три децени во Милан ја извршува Адријано Галијани.

„Не сум подготвен да останам во Милан доколку не останам на позицијата генерален директор. Никој сеуште не ме контактирал околу ова прашање, но по 30 години во клубот, не би прифатил поинаква улога од онаа која ја имам во моментов“, изјавил Галијани.

„Не ме интересира ниту место во Управниот одбор бидејќи мора да биде испочитувана мојата досегашна кариера“, дополнил Галијани.

Според плановите на кинескиот конзорциум, нов генерален директор на Милан треба да биде некогашниот функционер на Интер, Марко Фасоне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП