12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈоаким Лев ќе ја предводи Германија до 2020 година

Јоаким Лев ќе ја предводи Германија до 2020 година

lev-3999

Фудбалскиот сојуз на Германија го продолжи договорот со селекторот Јоаким Лев. Популарниот Јоги се обврзал да остане на селекторската функција до 2020 година.

Јоаким Лев човекот кој на Германија и ја донесе светската титула во 2014 година, се обврзал да остане на селекторската функција до завршувањето на Европското првенство во 2020 година.

Лев стана селектор на Германија по завршувањето на Мундијалот во 2006 година, а претходно две години беше прв асистент.

Како селектор на сите големи натпреварувања со Германија стигнувал најмалку до полуфиналето, круна на кариерата му е освојувањето на светската титула на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Инаку низ годините наназад името на овој стручњак често се поврзуваше со најголемите европски тимови (Реал, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал), но тој секогаш и остана верен на германската репрезентација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП