7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер подготви отказ за Де Бур

Интер подготви отказ за Де Бур

de-bur44

Четирите порази на последните пет натпревари веројатно ќе означат крај на кратката авантура во Интер за холандскиот тренер Франк де Бур. Интер во последните пет кола загуби од Рома, Каљари, Аталанта и Сампдорија, славеше само против Торино и на табелата по 11 натпревари е на скромното 11-то место.

Поразот од Сампдорија (1-0) ја започна лицитацијата за нов тренер на Интер. Веќе никој во Италија не верува дека Холанѓанецот Франк де Бур ќе остане на „Џузепе Меаца“.

Де Бур го загуби курсот, тимот нема игра, а и односите во соблекувалната се на најниско ниво, што најдобро го отсликува реакцијата на Едер, кој откако беше заменет против Сампдорија, најпрвин одби да се ракува со тренерот, а потоа и плукна кон клупата.

Едер беше заменет од Иван Перишиќ за кого пред мечот италијанските медиуми тврдеа дека влегол во „клинч“ со тренерот Де Бур.

Интер и случувањата на „Џузепе Меаца“ се честа тема во италијанските медиуми, а голема „заслуга“ за тоа има Де Бур. Холанѓанецот најпрвин влезе во конфликт со Марсело Брозовиќ, а откако проблемот со него го реши, тогаш на мета дојде вториот Хрват Перишиќ.

Кога на сето тоа ќе се додаде и ситуацијата со капитенот Мауро Икарди, кој е во отворена „војна“ со најрадикалните тифози, тогаш е јасно зошто Интер по 11 натпревари има освоено скромни 14 бодови.

„Знам дека имаме одличен тим, но тоа мораме да го покажеме на теренот. Верувам дека можеме да го надминеме овој тежок период“, рекол Де Бур по поразот од Сампдорија, но на овие негови зборови повеќе никој не верува.

Холанѓанецот доби добар тим, според имињата способен да се вмеша во борба за титулата, но како игра Интер борбата за опстанок е пореална опција.

Поради тоа корпорацијата Suning Group, во чија сопственост е клубот, најдоцна до вторник ќе го смени Де Бур.

Како можни наследници на Де Бур се споменуваат поранешниот играч на овој клуб Андреа Мандорлини (поранешен тренер на Аталанта и Верона), потоа Стефано Пиоли (екс тренер на Лацио) и поранешниот тренер на Бордо, ПСЖ и француската репрезентација Лоран Блан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП