19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Неверојатниот Вестбрук со нов трипл-дабл (видео)

НБА: Неверојатниот Вестбрук со нов трипл-дабл (видео)

vesti499

Расел Вестбрук, ѕвездата на Оклахома, уште на почетокот на сезоната ја истакна кандидатурата за МВП на сезоната. Вестбрук против ЛА Лејкерс го забележа вториот трипл-дабл, во третиот сезонски натпревар и на вечната листа се израмни со Џери Лукас, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Оклахома победи во „Стејплс Центарот“, во Лос Анџелес 113:96, а Вестбрук го предводеше тимот со 33 поени, 12 скокови и 16 асистенции. Вестбрук стана прв играч во историјата на НБА лигата, кој на првите три натпревари во сезоната имач учинок од најмалку 100 поени, 30 скокови и 30 асистенции.

Голден Стејт славеше над Феникс 106:100, а мечот го обележа довчерашниот соиграч на Вестбрук, Кевин Дурант кој постигна 37 поени.

Дурент стана првиот играч во клупската историја Голден Стејт кој на првите три средби во сезоната постигнал повеќе од 100 поени. Таков учинок пред Дурант имал само легендарниот Вилт Чембрлен во сезоната 1959/1960.

Покрај Дурант, кај вицешампионот се истакнаа и Стеф Кари со 28, односно Клеј Томпсон со 14 поени.

Уште еден играч игра брилијантно од почетокот на сезоната, тоа е најдобриот дефанзивец во лигата Кавај Ленард. Сан Антонио победи во Мајами 106:99, а Ленард постигна 27 поени и имаше 15 скокови. Пау Гасол исто така имаше двоен ефект од 20 поени и 11 скокови.

Мајами го предводеа Хасан Вајтсајд (27 поени, 15 скокови) и Горан Драгиќ (25 поени).

Хјустон и Далас го одиграа првото сезонско дерби на Тексас, кое го реши Џејмс Харден со поените од линијата за слободни фрлања постигнати во последната секунда. Во триумфот 93:92, Харден постигна 28 поени.

Резултати од другите натпревари: ЛА Клиперс-Јута 88:75, Детроит-Милвоки 98:83, Мемфис-Вашингтон 112:103.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП