21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон победи во Мексико

Хамилтон победи во Мексико

hami-mex33

Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Мексико и ја намали предноста на Нико розберг во генералниот пласман на 19 бодови. До крајот на сезоната во Формула 1 останаа уште две трки.

Луис Хамилтон, трката во Мексико ја започна од пол позицијата, имаше добар старт и до крајот со сигрно возење забележа рутинска победа. Британецот во Мексико ја забелеаж осмата победа во сезоната, вкупно 51-ва во кариерата.

Второто место му припадна на Розберг, кој на стартот успеа да го одбие нападот на Макс Верстапен, а потоа истото го направи и на 20 круга до крајот.

Споменатиот Верстапен низ целта мина како трет, но веднаш по трката стјуардите на постигнатото време му додаоа уште пет секунди, поради што заврши на петтото место.

Младиот возач на Ред Бул, според стјуардите на три круга до крајот на недозволен начин стекнал предност во однос на Себастијан Фетел кој се обиде да го мине во еден свиок.

Даниел Рикардо од Ред Бул на крајот беше четврти.

Меѓу првите десет се пласираа Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, двоецот од Вилијамс Валтери Ботас и Фелипе Маса, односно домашниот возач Серхио Перез.

Наредната трка ќе се вози во Бразил, на патеката Интерлагос, на 13.ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП