28 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл во Реал до 2022-та

Бејл во Реал до 2022-та

bejl

Велшанецот Герет Бејл го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2022 година, соопшти клубот.

Герет Бејл, кој во Реал пристигна во 2013 година за сума од околу 100 милиони евра, имаше договор со Реал до 2019 година, но клубот реши да му понуди нов договор поради интересот на некои конкурентски клубови.

Шпанските медиуми шпекулираат дека тој добил зголемување на платата од 580 на 830 илјади евра неделно. Кога од оваа сума ќе се одбие данокот, кој во Шпанија изнесува 52 отсто, нему неделно ќе му останат 400 илјади евра, или 21 милион евра годишно.

Велшанецот во дресот на Реал има постигнато 62 гола на 134 натпревари, а со клубот има две титули во Лигата на шампионите и две во Купот на Кралот, но сé уште го нема освоено шпанското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП