
Со манифестацијата „Прилеп опен“, градот под Марковите кули викендов ја затвора сезоната за екстремни спортови.


Со манифестацијата „Прилеп опен“, градот под Марковите кули викендов ја затвора сезоната за екстремни спортови.
Манифестацијата „Прилеп Опен“ на едно место ќе ги собери најдобрите параглајдеристи од Македонија и од соседните земји. Во двата натпреварувачки дена ќе продефилираат 70 параглајдеристи, кој ќе се појават на полетувалиштето кај селото Алданци.
„Ова е потенцијал за развој на туризмот и запознавање со убавините и можностите што Прилеп и неговата околина ги нуди за развој на екстремниот спорт“, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, најавувајќи ја оваа манифестација, подржана од градот и локалната самоуправа.
Прилеп изминатите викенди промовираше неколку екстремни спортови, како мотокрос, ултрамаратон, параглајдинг, рели офф-роад, планински, велосипедски трки, со што стана препознатлива дестинација за екстремно спортување.