ИНТЕРЕСНО

Забележителен настап на македонските кајакари на диви води во БиХ

kajakari333

Четворица македонски кајакари на диви води настапија на отвореното првенство во Босна и Херцеговина кое се одржа претходно овој месец.

Во натпреварите македонскиот тим настапи во состав Љубомир Спасиќ, Атанас Николовски, Виктор Миланов и Христијан Игнатов.

Во дисциплината слалом која се одржа на 15-ти октомври, во сениорска конкуренција Атанас Николовски заврши како второпласиран, додека Љубомир Спасиќ како третопласиран.

Во тимско возење во сениорска категорија во состав Спасиќ – Николовски – Игнатов го освоија првото место.

Во јуниорска конкуренција учество земаа Игнатов Христијан кој беше третопласиран и Виктор Миланов кој заврши како пети.

Следните денови се одржа натпревар и во спуст, на кој учествуваше само Љубомир Спасиќ кој во дисциплината спринт беше првопласиран, додека во класик заврши на второто место.