9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОCAS: Одлуката за Адеми за две недели

CAS: Одлуката за Адеми за две недели

ademi-cas

Меѓународниот суд за спортска арбитража (CAS), побара уште едно вештачење на независна лабораторија, пред да ја донесе конечната одлука околу четиригодишната суспензија на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Аријан Адеми, во петокот, се појави пред судот во Лозана и уште еднаш ја изнесе својата одбрана, а преку Skype обраќање имал и докторот на Динамо Загреб, Јосип Шојат.

Пред CAS, повторно биле изнесени сите аргументи, кои претходно Адеми и Динамо ги презентираа пред УЕФА, како и вештачењата на независните стручњаци.

CAS, потоа побарал да биде извршено уште едно вештачење, чии резултати ќе бидат познати за две до три недели, кога и треба да биде донесена одлуката околу намалување на казната.

Адеми беше суспендиран откако падна на допинг тестот по натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите, одигран пред една година.

И тој и Динамо Загреб тврдеа дека забранетата супстанца, кој ја имало во многу мал процент, била внесена ненамерно. УЕФА потоа му изрече исклучително голема суспензија од четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП