18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоџер Федерер, светски бренд број 1

Роџер Федерер, светски бренд број 1

roxer

Роџер Федерер, рекордер по бројот на освоени грен слем титули и по бројот на недели поминати на првото место на АТП листата е највредниот светски бренд, процени угледниот магазин Forbes.

Основниот параметар на листата која магазинот ја нарече „Forbes Fab 40“ е разликата во приходот од спонзорите и споменатиот спортист и просекот на заработувачка на првите десет играчи од неговиот спорт.

Според Forbes, вредноста на брендот на Швајцарецот изнесува 36 милиони долари, а зад него следуваат Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешницата со 34 милиони, голферот Фил Микелсон со 28, трикратниот олимписки шампион Јусеин Болт со 25, голферот Тајгер Вудс со 23 и фудбалерот Кристијано Роналдо со 19 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП