4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПоделотворни од пастата за заби: Намирници против лошиот здив

Поделотворни од пастата за заби: Намирници против лошиот здив

nane-nasil-ekilir_646x340

Тешко е да се ослободите од лошиот здив кој настанува при консумација на одредени намирници, како на пример лукот бидејки тој може да се задржи и до 24 часа по конзумирањето.

Меѓутоа, постои решение и за тоа.

Грицкањето на свежо јаболко, салата или листови од нане значително ја намалува количината на состојки кои предизвикуваат непријатен здив во устата, докажал експериментот на Државниот универзитет во Охајо. Одредени ензими во свежото јаболко, свежата салата и листовите од нане реагираат така што го неутрализираат мирисот на лук.

Исто така, откриено е дека мирисот на лук се чувствува од разни делови од телото, а не само од устата, туку и парчињата храна кои не се преварени можат да испуштаат непријатен мирис.

Јаболкото делува како природен дезедоранс на непријатниот мирис предизвикан од сулфидите во лукот, па поради тоа е поефикасно од пастата за заби, а ензимот на кој можеме да му се заблагодариме за неутрализацијата на непријатниот здив е истиот оној кој доведува до сушење и потемнување кај овошјето и зеленчукот.

Јаболкото, салатата и нането се богати со фенолни соединенија, ароматични хемиски соединенија кои реагираат на соединенијата во лукот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП