17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКазахстанки останаа без медалите од ОИ во Лондон

Казахстанки останаа без медалите од ОИ во Лондон

%d0%ba%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%85%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%b8

Три репрезентативки на Казахстан во кревање товар останаа без своите златни медали кои ги освоија на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, откако нивните дополнителни допинг тестови биле позитивни.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК), објави дека Казахстанките се меѓу осуммте натпреварувачки кои се казнети, откако со новите анализи нивните тестови кои биле сочувани од Лондон, биле позитивни на стероиди.

Покрај трите репрезентативки на Казахстан, МОК и го одзеде бронзениот медал на Белоруска репрезентативка во кревање на товар, а казнети се уште двајца Белоруси, како и двајца руски атлетичари, во фрлање на кладиво и скок во далечина.

Случајот против рускиот репрезентативец во борење, кој во 2012 година освоил бронзен медал е отфрлен бидејќи тој во меѓувреме загина во сообраќајна несреќа.

МОК урнеците од допинг контролите ги чува 10 години, за тие да можат повторно да се тестираат кога новите, подобрени методи, на испитување ќе бидат достапни.

Досега од ОИ во Пекинг и Лондон, МОК објави 98 позитивни тестови, кои биле повторно тестирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП