9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏинобили: На Сан Антонио му дадов сé, дури и десниот тестис

Џинобили: На Сан Антонио му дадов сé, дури и десниот тестис

%d0%b4%d0%b7%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8

Емануел Џинобили, легендарниот Аргентинец, рекол дека за успех на својот тим Сан Антонио дал сé, дури и својот десен тестис.

Џинобили (39) ја игра својата 14-та сезона во тимот на Сан Антонио Спарс, кој во 1999 година го избра како 57-ми пик во втората рунда на драфтот.

„Навистина е точно, сé им дадов на Сан Антонио дури и десниот теститс. Сé имам жртвувано за мојот тим“, открил Џинобили.

Поради споменатиот проблем, Ману, морал да биде опериран, а на терените се вратил по само 12 мечеви пауза.

„Вообичаено кога ќе се случи нешто такво, болката не е силна. Потоа ќе помине, но после три минути болката се враќа. Неважно дали се работеше за три, десет, дваесет минути, еден час, нивото на болката беше ист. Потоа бев на преглед, направивме скенер и докторот ми кажа дека мора да бидам опериран веднаш. Потоа ми кажаа дека околу 45 дена ќе се рехабилитирам. Доста несреќна ситуација, но на крајот се заврши како што треба“, рекол легендарниот Аргентинец.

Ману Џинобили со тимот на Сан Антонио има освоено четири шампионски прстени во НБА лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП